Француските основци од годинава на училиште без мобилни

Испраќањето СМС пораки во текот на училишниот час е минато и од овој понеделник кога малите Французи се вратија во училишните клупи стапи на сила забраната којашто е предизборно ветување на нивниот претседател Емануел Макрон.

Законот за користење на мобилните телефони во француските основни училишта беше усвоен во јули, а покрај телефоните, во училиштата нема да смее да се користат ниту таблети, ниту паметни часовници.

Средните училишта, пак, имаат можност но не и обврска за оваа забрана во согласност со интерен договор. Исклучок ќе бидат ткн вонучилишни активности или употребата на овие уреди меѓу учениците со посебни потреби.

Според некои истражувања, околу 86 отсто од младите Французи на возраст меѓу 12 и 17 години поседуваат мобилен телефон.

Со законот усвоен уште во 2010 година, во Франција е забрането користењето на мобилните телефони во текот на училишните активности, но големо мнозинство од институцууте не се придржуваа. Во првичната верзија од законот се бараше забраната да се однесува и на просветните работници.

Поборниците на новата мерка сметаат дека употребата на паметните телефони кај децата и младите поттикнува интернетско злоставување, го олеснува пристапот до порнографијата и ги поткопува способностите за социјална интеракција. Меѓу другите причини за примена на нивот пропис, се наведуваат и кражбите на мобилните, опсесијата со модерните марки и уценувањата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.