Француските социјалисти на конгрес го планираат новиот почеток

Француската Социјалистичка партија се надева по тешките изборни порази во пролетта 2017 година на нов почеток на својот 78-ми конгрес кој започна во саботата под водството на нејзиниот нов челник Оливие Фор.

Избран на 29-ти март, ќе биде официјално ќе биде инаугуриран во саботата на конгресот кој се одржува во Обервилер, северно од Париз. Оливие Фор ќе одржи говор на затворањето на конгресот во недела најавен во 11,30 часот.

Целта на новиот лидер на Социјалистичката партија е да ја врати на претходното место на политичката сцена партијата која е во распаѓање по поразот минатата година на претседателските избори кога освои 6,36 отсто од гласовите, и на парламентарните избори кога освои само 30 пратеници.

Притисната меѓу конзервативната партија Републиканци и центристичкото движење на претседателот Емануел Макрон, како и од радикалната левица на Жан-Лук Маленшон, Социјалистичката партија сака „повторно да стане прва партија на левицата по изборниот циклус во 2019-та, 2020-та и 2021 година“, најави Фор.

„Не нѐ заменија ниту Републиканци во движењето коешто продолжува кон либералната десница, ниту Непокорните кои остануваат протесно движење“, вели Фор во интервјуто за весникот Liberation.

Она што според него ги прави идентитетот на Социјалистичката партија е да се биде „истовремено стварно на левицата и стварно реален“, како и да се „артикулира незадоволството и да се понудат решенија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.