Француските земјоделци со трактори го блокираат Париз

Стотици француски земјоделци кои претходно во средата со своите трактори пристигнаа во Париз, целиот ден ја блокираа обиколницата околу главниот град, а повремени го запираа и сообраќајот и на Елисејските полиња во центарот на престолнината додека очекуваат да бидат примени од претставниците на власта.

„Ќе се сретнеме со Ан д Беисе, заменичка на главниот секретар и со советниците на претседателството за земјоделие, како и со министерот за земјоделие Дидие Гијом“, изјави претседателката на земјоделскиот синдикат FNSEА, Кристиан Ламнер пред своите колеги, доцна попладнето на Елисејските полиња.

Според процените на министерството за внатрешни работи 1.086 трактори пристигнале во Париз од разни делови на земјата. „Тоа е многу голема бројка, голема мобилизација“, изјави министерот Гијом пред Сенатот попладнето.

Тракторите пристигнаа од шест француски региони, и ја преплавија престолнината за да го изразат својот гнев поради ниските цени на производите и манипулациите со прописите. Други околу 200 земјоделци стасале пешки или со автомобили и привремено ги блокираа Елисејските полиња рано попладнето, кога фрлаа сено пред луксузниот ресторан „ Le Fouquet’s“, пренесува AFP.

„Го поддржувам гневот на земјоделците и повој протест, доста се клеветења“, рече министерто за земјодели во средата утрото за каналот Europe 1.

Со протестот кој ги зафати и регионите на Лион, Мас и Тулуз, земјоделците имаат намера на повик на Националната федерација на синдикатите на работниците во земјоделието (FNSEA) и синдикатот на младите фармери Jeunes Agriculteurs, да го изразат своето огорчување од политиките на владата на претседателот Емануел Макрон и меѓународниот трговски договор на ЕУ.

„Нема рурална Франција без земјоделци. Пуштете нѐ да продолжиме да си ја работиме својата работа“, беше испишано на еден од околу 700-те трактори.

Синдикатите кои ги застапуваат ги упатија земјоделците да дојдат на авенијата Фош во престижниот центар на Париз, недалеку од Триумфалната капија. Двата водечки синдиката бараат состанок со 41-годишниот претседател за да го изразат незадоволството од политиките за кои сметаат дека му штатат на земјоделието.

Претседателот Макрон подолг период се соочува со бран социјално незадоволство поради неговите реформи. Земјоделците го обвинуваат дека ита во забраната за употреба на хербицидот глифосат до 2021 година и со тоа оди дури и пред актуелната политика на ЕУ, иако владата во Париз вети изземања за оние земјиделци кои немаат одржлива алтернатива. Европската унија имено минатата 2018 година, дозволи за уште пет години да се употребува спорниот глифосат кој се смета за канцероген.

На Макрон француските земјоделци му забележуваат ид тоа што ЕУ склучи договори со Канад и Mercosur (сојузот на јужноамерикански држави), бидејќи тврдат дека овие договори ќе резултираат со увозот на поевтрини, но и неквалитетни земјоделски производи.

Законот за храна што го донесе владата на Макрон и кој треба на земјоделците да им даде почесен удел во профитот, не ги примири земјоделците кои се жалат на сѐ послабата заработка. Франција е најголемиот производител на земјоделски производи во ЕУ и најголем корисник на субвенциите CAP, заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Синдикатите на земјоделците се подготвуваат за преговорите за новиот буџет на ЕУ во кој парите предвидени за земјоделието ќе бидат намалени поради планираното излегување на Велика Британија од Унијата.

Претходно во вторникот и неколку илјади германски земјоделци со трактори во Берлин протестираат против планот за намалување на користењето на пестициди и хемиско ѓубриво при обработката на земјата. Како резулатат од компромисот меѓу минисерставата за екологија и земјодели, германската програма вклучува забрана за користење на глифосати до 2023 година, и забрнаа пред 2021 година за употреба на хербициди инсектициди во „еколошки чувствителните подрачја“.