Француско-германска комеморација на Денот на примирјето од Првата светска војна во Битола и Прилеп

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост амбасадите на Франција и Германија во Македонија ќе одржат комеморации во Битола и Прилеп.

Во 12 часот комеморација ќе има на Француските воени гробишта во Битола, а во 14 часот на Германските воени гробишта во Прилеп.

Се очекува на комеморациите да присуствуваат претставници на државните и локалните власти, дипломатскиот кор, како и здруженија на граѓани.

Во знак на помирување на двете држави и како доказ за меѓусебното пријателство, германскиот амбасадор ќе одржи говор на Француските воени гробишта во Битола, додека францускиот амбасадор ќе одржи говор на Германските воени гробишта во Прилеп.

На комеморацијата ќе се приклучи и Собранието на Република Македонија со делегација предводена од претседателот Талат Џафери.

По повод одбележувањето на 11 ноември, Данги де Дезер, внук на војник од Источниот Фронт, вечер во Битола ќе направи презентација на своите активности поврзани со објавувањето на писмата на неговиот дедо, полковникот Ордиони, напишани на овој фронт меѓу 1917 и 1925 година.