Француско големо НЕ, поради ова Обвинителство и Боки 13 новинарство (прв дел)

Додека ние го нарекуваме нашиот голем пријател Н.Е. Кристијан Тимоние за кењатор и го обвинуваме дека е главниот кривец што не добивме датум за преговори, сакам да укажам на еден голем факт. А, пред фактите и боговите молчат:

Кристијан Тимоние е очите и ушите на Претседателот на Република Франција Емануел Макрон. (главинот новинар на Зоран Заев го нарече Макрон говно егоистично) Така да во негова чест почетниот главен лик Боки 13 ќе му го преставам на француски јазик како Boki Le Treizième.

Тоа значи дека Боки 13, посредникот за наоѓање сведоци, де факто е 13-ти во редоследот на рекетирање. Така испаѓа кога ги слушаш сите будалетинки како тресат глупости, ко максим по дивизија дека Boki Le Treizième не барал рекет туку дека Орце Камчев нудел поткуп. Но, надвор од сето тоа во нашата мила Македонија ни се случува најстрашниот период кој може да го опишеме само со една голема мисла на вистинскиот нобеловец Иво Андриќ:

„Dodju tako ponekad vremena, kada pamet zacuti, budala progovori, a fukara se obogati“.

Иако после поразот со Европската Унија спин мајсторите потпомогнати од потпретседателите на СДСМ се потрудија, нормално безуспешно, да го обвинат лидерот на опозицијата Христијан Мицковски дека толку се радувал на поразот од Француското „Не“, што дури и пајдушко оро виел. Сепак како тргнале работиве истите тие му ја рецитираат на Зоран Заев оваа прекрасна песна од, како што е редот нормално на негово ниво премиерско, од вистинскиот нобеловец Иво Андриќ:
Mirišu silno
Bijeli cv’jetovi
i pada sitna kiša proljetna,
ja kisnem sam.

O, niko ne zna kako je
teško hoditi sam i bolestan,
bez igdje ikog svoga,
u zlatno proljeće…
– Lanjska pesma [4]

Тежок ден ќе биде 13.04.2020 година за Зоран Заев, зошто тогаш ќе разбере кој се’ му копал политички гроб. Но, тоа е негова лична определба. Да се навратиме на Француското „Не“ преку следниве два случаи:
1. Обвинителството (СЈО и СЈО)
2. Боки 13 новинарството
Но, која е поврзаноста на Боки 13 новинарството и Обвинителството?
Едноставно нели неможете да погрешите:
1. Злобата
2. Парите
Да расчистиме за кого говориме во две едноставни дефиниции. Боки 13 новинарство: Тоа се Александар Чомовски, Борјан Јовановски и Сашо Ордановски. Чедата на Ана Пановска.
Обвинителство: Сите кои што се поистоветуваат со Душом и Телом Клеопатра фризура у смарагден миниќ и пунџа ала невестата на Зоро – бранителот на народот.
Двете различни обвинителства имаа за цел во координација со цел да делуваат во конечно уништување на ВМРО-ДПМНЕ и сите негови коалициони партнери, новинари и медиуми.
За тоа како се однесуваа или однесуваат обвинителствата ќе дадам два примера и нормално еден предлог за идно дејствување на сензационалното ОЈО како да се однесува на тема медиуми и дали има сознанија за криминал кај нив или околу нив.
Дејствување на СЈО:
Истрага наречена ПРОПАГАНДА.
Обвинети 9 (девет) лица, замисли сите од ВМРО-ДПМНЕ, дека се здружиле да отворат повеќе регионални медиуми за да ја бранеле идеологијата на споменатата политичка партија. И дека при нивното злосторничко здружување и злоупотреба на службената позиција сето создавање на овие радиодифузери го направиле спротивно на Законот за радиодифузија.
Единствена, напоменувам јасно и недвосмислено: извршна Моќ во носење одлуки на менување на сопственост на медиуми, доделување дозволи од локална лиценца во регионална и нова национална лиценца има само една институција. Таа се вика, во континуитет, Совет за радиодифузија, а сега наследник Агенција за Аудио и Аудио-Визуелни услуги. Оваа институција благодарение на д-р Владо Бучковски како премиер и еден негов советник е независно регулаторно тело од 2005 година, односно одлучува само и сите лица надвор од него може само да си прават муабети. Немаат никаква моќ. Единствен одговорен и организатор е следново лице: ЗОРАН ТРАЈЧЕВСКИ.
Па, ова е Монти Пајтон истрага. Најубавиот виц на оваа деценија. Во стил на некогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, можам само да заклучам за сите обвинители и вработени во СЈО, без изклучок,: ЕДНОСТАВНО НЕЛИ, ВИЕ ОД СЈО СТЕ ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПИСМЕНИ.
Ама така е тоа кога Фатиме Фетаи сака да биде Синди Крафорд само зошто има бемка на иста страна од образот.
Затоа ајде другари и другарки од СЈО едно соочување, јас сам и Вие сите заедно. Да видиме дали овие обвинети под истрагата се невини или Вие сте како што кажав погоре. Со два услова:
• Дебатата да ја водат Горан Величковски, Зоран Димитровски и Газменд Ајдини
• Ако сте Вие во право, јас за секој од Вас по една година во затвор, значи вкупно 10. Ама ако сум јас во право сите заедно секој денар заработен во СЈО на моја сметка и плус бундата на Фатиме и ташната на Катица. За да бидам и јас ин.
Ве очекувам.

Дејствување на ОЈО:
Во едно демократско општество ние си имаме институција која сака по секоја цена да го уништи критичкото новинарско делување во ова општество со едно и единствено образложение дека истото е наследник на тоталитарен режим. Иако лицата кои ќе ги споменам ми се подбиваат или се извинувам не ми веруваат на моите теории на заговор ќе им раскажам две жални приказни кои се поврзани со ОЈО кои во континуитет обвинуваат:
1. Томе Кежаровски единствени во првите моменти кои го бранеа од душа беа Жоро и Синиша Станковиќ.
2. Во Октомври 2011 година го предупредив газда Велија во присуство на Тони на Ленче дека се спремаат да го апсат. Неговиот одговор беше дека може да го казнат само за сообраќаен прекршок.
Така да едни драги пријатели ќе ги споменам со име и со презиме за да се освестат дека јажето е направено, од нив и од сите нас други зависи како ќе продолжат да информираат или пак ќе престанат да информираат. Со почит кон сите слободно и да заклучат дека сум побудалел во меѓувреме:
Александар Митовски (мечка), Јани Бојаџи, Доне Доневски, Искра Коровешовска, Горан Момировски, Кети Гетева, Биљана Трендафилова, Коле Чашуле, Лупчо Цветановски, Дејан Николовски, Серјожа Неделковски, Љупчо Златев, Предраг Димитровски итн.
И нормално финалето да биде со Миленко Неделковски.
Драги мои ОЈО е константа која очигледно не е воопшто променлива. Ама ОЈО има една голема непознаница, а тоа е дека Н.Е. Кристијан Тимоние и сите други екселенции запишуваат што се случува и имаат точни информации за делувањето и политичкиот клиентелизам во самата институција. Така да на мојот пријател Предраг Димитровски би му сугерирал да размисли кој е рајбер, а кој курајбер освен Димитров.
Продолжуваме во среда, на 06.11.2019 година.

Автор: Виктор Грозданов