Француско големо НЕ, поради ова Обвинителство и Боки 13 новинарство (втор дел)

Оваа колумна им ја посветувам на Аце Мечка (Инфомакс), Дејан Жуљ (НетПрес), Столе (Канал 77) и Гоки Големиот (ТВ Алфа).

Најинтересни се опозициските медиуми на кои како пријател пробуваш да им го објасниш нивото на злобата на идно објаснетите. Но, прво да запамтат самите:

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“

Сакаат истребувачите да функционираат како војска, ама многу слабо им иде. Иако зборат од позиција на сила, сепак станува збор за преголеми дилетанти со чест на исклучоци. Еве како функционира тоа.

На пример: Министерот за надворешни работи на Србија г-дин Ивица Дачиќ на 27.09.2019 година имаше средба со Амал Клуни на тема посветена на Слободни медиуми, а организирани од државниот секретар за Комонвелтот Лорд Ахмед од Вимблдон, повелете инфо на следниот ЛИНК.

Но, кај нас е поинаку. Другарот на Андреј Жерновски (зам.мин за надворешни работи) станал инспектор за економски криминал и улетал во опозициска редакција да утврдува како овие објавиле информација, а по наредба на обвинител. Така ли е? Или пак да ја викнам сега г-ѓа Рангелова и двајцата да ги плукне во лице? Така е кога доаѓаш со ташничката под рака, нели?

Овој пример не е случаен туку потврда дека одредена СДСМ структура се спрема за два сценарија кон опозициските медиуми, под плаштот дека се борат со лажни вести и сериозна злоупотреба на Роберт Поповски. Сценаријата се следни:

  1. Комплетна персонална девалвација преку апсења, мерки за претпазливост и
  2. Затворање на медиумите
  3. Ќути не разбраа дека немаме капацитет за првите две сценарија

Но, да си продолжиме со дефинирање на Боки 13 новинарството кое незнаело за активностите на нивниот неформален газда во најголемата афера за изнуда на пари од стопанственици, кои во маркетинг бизнисот најмалку од се’ се мали потрошувачи. Истите тие пробаа да се шлепаат со нивната наивност на Кабранов, Дувњак и Костовска Јадранка (кај овие споменати лица учеството кај Боки 13 не е од каприц туку од идеја и се сериозно прелажани). Не, не другари. Сносите сериозна одговорност, а нашата е уште поголема да пробаме да Ве објасниме.

Замисли кој е најгласен за моделот поткуп во аферата Рекет. АНА ПАНОВСКА. Цитат од колумна во неделникот Фокус:

„Не, драги мои, овде не станува збор за рекет, туку за ПОТКУП, МИТО, ако сакате РУШВЕТ!!!……… ако треба плаќаш да го купиш судијата, па како придружни вокали потоа ќе купиш по некој медиум и така сѐ по ред за да се избегне казната“.

Оваа возрасна госпоѓа заборавила дека во минатото пред години, кој доделил државни 100.000,00 тогашни марки на А1 Телевизија заради тоа што демек не пиратирале и никогаш не успеал да ги врати државните пари. Ако не се сеќава нека му се јави на Веле Митановски, он ќе ја потсети.

Ама тоа е кога живееш во Комунизам и Ренесанса. Ти (Ана Пановска) и бившата снаа (Фани Каранфиловска-СОРОС) може да давате пари во медиуми, ама сите други се криминалци. Зошто Вие сте демек од Големото Добро Утро.

Впрочем Ана Пановска е еден од основачите на Боки 13 новинарство. Во превод: Иако никој не ни верува и едноставно не не бива, ние имаме обврска да ги мразиме сите кои мислат поразлично од нас.

Тука предничат следниве три личности, кои толку многу сакаат да и’ се претстават на нашата јавност дека се сериозен интелектуален капацитет на нашата мила Македонија. Оваа т.н елита на новинарството е главниот доказ за Злобата и Парите. Овие господа мислат дека светогледот во Македонија се врти токму накај нив. Истите тие не сакаа да слушнат за лустрација во новинарството, но сакаа да слушаат за буџети од Филмски Фонд и Совет за Радиодифузија.

Све мој до мојега. Него кој од нив ми пушташе фактури за ПР услуги во вредност од 60.000,00 денари додека работеше во А1 телевизија. А, газда Велија, а богами и Перушот ми велеа не е сега време. Ама така е кога не се дружат со луѓе кои ја имаат видено на дело злобата која извира природно. И затоа не разбираат и сега после толку време.

Но, сепак еден од нив многу ме изненади. За другиве двајца ништо неможе да ме фасцинира. Да им се чудиш на човековата мизерија. Ништо повеќе.

Мислев дека елементарно има свое јас. Тоа е Борјан Јовановски – Боко. Како да го разберам неговото однесување после сите овие елементарни сметководствени докази.

Која е причината да ја напуштам ТВ Телма која е основана од АД Макпетрол со 200.000.000,00 денари паричен влог и да одам кај Боки 13 преварантот со тапија? Одговор: Пари и наредба директно од СДСМ?

Од телевизија како Телма со сериозен стандарден пристап кон вработени или соработници, по однос на плата или хонорар, да одиш во 1ТВ и да лажеш свесно дека си највлијателната и најгледаната телевизија во Македонија? Извини бате Боко ама ти не си од вчера за да не знаеш како се постигнува програмски гледачки појас.

Ај, баш ме интересира како ќе ми ги објасниш сметководствениве бројки за кои подобро е да молчиш. Знаеш како е кога имаш две бивши жени сметководителки и сеуште си во добри односи со нив, а и башка Централен Регистар си е транспарентен.

Да почнеме со пет точки и каде се пронаоѓа Боко во работењето на 1ТВ:

  1. Вработени 46 лица со плата од 13.500,00 мкд (вкупно нето плата исплатено за сите 5.101.979,00 мкд со дозвола од 28.03.2018 година)
  2. Вработените должат 1.500.000,00 мкд
  3. Приход од реклами 34.182.773,00 на телевизија со статистичка грешка во гледаноста? Аванси 450.000,00 мкд и плус има побарување од 3 милиони мкд?
  4. По основ 211 извлечени 13 милиони денари. Дали Боко е исплатен како конто 4121- услуги од коперанти?
  5. По основ 212 извлечени 14.5 милиони денари. Дали Боко е исплатен како конто 4492 – Трошоци за книги, прирачници, дневни и неделни весници, стручна литература, службен весник и друго?

Е мој Боко како можеше да го докажеш преводот на Автогол на прилепски – Сам си го кладе?

Да ти објаснам нешто. За нас кои завршивме технички факултети, како што е и впрочем Христијан Мицковски, еден (1) и еден (1) се единеаесет (11), а еден (1) плус еден (1) се два (2).

Најава за следната колумна на 12.11.2019 година (вторник), со тема:

Дали Вилма Русковска и Сања Лукаревска се двете дами кои ќе му објаснат на еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ почитуваниот Манојил Мане Јаковлески, кој во својата книга МАКЕДОНИЈА МОЈ КОПНЕЖ заборавил да објасни дали: Се пишува Џубре Комунистичко или пак Ѓубре Комунистичко?

Автор: Виктор Грозданов

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.