Француското собрание и изгласа доверба на владата

Националното собрание на Франција, доцна синоќа ги отфрли двете барања поднесени од левицата и десницата да и се изгласа недоверба на владата на Едуар Филип, која го искористи членот на 49-3 од Уставот да го усвои нацрт законот за пензиски реформи во прво читање, јави дописникот на МИА.

За да и се изгласа недоверба беше потребно апсолутно мнозинство од 289 гласови. За соборување на владата за барањето на десницата гласаа 148 пратеници, а за тоа на левицата само 91 пратеник.

Со ова спорниот нацрт закон за реформа на пензискиот систем е усвоен во прво читање. Идниот месец законот треба да се најде на разгледување во Сенатот