Французинките протестираат против новиот министер за внатрешни работи

Стотици жени протестираа во центарот на Париз против именувањето на должноста министер за внатрешни работи на Жералд Дарманен, кој е под истрага за наводно силување.

Триесет и седумгодишниот Дарманен, кој ги негира обвинувањата, беше именуван на оваа позиција во текот на реконструкцијата на владата на францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот. Претходно тој беше министер за буџет.

Барајќи негова моментална оставка, Французинките носеа порака „Сексистичка влада, феминистичка одмазда“.

Сидот го отфрли случајот против Дарманен пред две годни, но минатата седмица апелацискиот суд во Париз нареди повторно отворање на истрагата за наводното силување, изјавил за агенцијата Reuters судски извор.

Владата соопшти дека истрагата против него не е причина да се запре неговото именување. Одлуката на апелацискиот суд знали дека истражниот судија сега ќе одлучи дали постои случај поради кој би била отворена формална истрага.