Французинка ќе биде судена зашто мачката на партнерот ја фрлила низ прозорец

Млада жителка на југозападната француска општина Сен-Фуа-ле-Лион, ќе биде изведена пред суд бидејќи преку прозорец ја фрлила мачката на нејзиниот поранешен љубовник, пренесува порталот 20minutes.

Инцидентот се случил на крајот од минатата седмица, кога поранешниот партнер на 22-годишната девојка, кој го обожувал својот четириножен миленик, дошол да си ги земе своите работи од станот на осмиот кат.

„Осомничената пријавила дека е жртва на семејно насилство и првично на иследниците им изјавила дека мачката случајно ѝ се излизгала од рацете“, се наведува во написот.

Меѓутоа, со истрагата било утврдено дека настаните не се одвивале како што ги опишала девојката.

„Поранешниот партнер бил на улицата близу домот, кога мачката паднала на асфалтот на неколку метри од него. Подоцна девојката ја променила својата верзија, велејќи дека мачката почнала да ја гребе кога таа ја нишала над отворот (од прозорецот) за да го задева поранешниот. Но иследниците се посомневале и во овој нејзин исказ, сметајќи дека чинот бил смислен“, се додава во написот.

Поради свирепо однесува со животно, девојката кај којашто било утврдено и присуство на алкохол во крвта, ќе мора да биде се појави на суд. Рочиштето е закажано за 3-ти декември, а дотогаш таа ќе остане на слобода.