Французите ги совладаа Русите, Јапонија поразена од Украина а Иран подобар од Алжир

580

Домаќинот на Светското фудбалско првенство кое започнува на 10-ти јуни, по поразот од Бразил во вторникот забележа уште еден во подготвителните натпревари откако во Санкт Петербург загуби од Франција со 1:3.

Французите ги совладаа Русите благодарејќи на незадржливиот Килиан Мбапе кој беше двоен стрелец во 40 и 83 минута, а во 49 минута од слободен удар убав гол постигна Пол Погба. Почесниот гол за Русија го постигна во 68 минута Федор Смолов. Русија во петокот загуби и од Бразил со 0:3.

Јапонците своите подготовки ги имаат во белгиски Лиеж, каде што беа поразени од Украина со 1:2. Автоголот на Наомичи Уеда во 21 и голот на Алесандар Караваев во 69 минута им ја донесоа победата на Украинците, додека Јапонците стрелец беше Томоаки Макино во 41 минута.

Иран, кој се квалификуваше на мундијалот во Русија, во австриски Грац со 2:1 беше подобар од Алжир. Иранците дојдоа во рано водство преку Сардар Азмун во 12 и Мехди Тареми во 19 минута, додека Алжир намали во 56 минута преку Фарук Шафаи.

Грузија со 2:0 со головите на Јемал Таидзе во 6 и Валериј Казаишвили во 34 минута ја совлада Естонија. Литванија на гости со голот на Овидиус Верницкас во 45 минута беше подобра од Ерменија. Косово по победата од 1:0 над Мадагаскар во вторникот совлада уште една африканска селекција, Буркина Фасо со головите на Ведат Муриќи во 73 и Едон Жегрова во 90 минута.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.