Французите масовно ја деинсталираат апликацијата за следење на ширењето на Ковид-19

59

Речиси половина милион Французи кои првично ја инсталираа мобилната апликација за следење на ширењето на Ковид-19, ја избришаа апликацијата на своите мобилни телефони во изминатите неколку дена.

Министерот за дигитални работи на Франција, Седрик О’Нил истакна дека е бришењето на апликацијата е резултат на фактот дека ширењето на вирусот, а со тоа и стравот од инфекција, се намалува.

Кон крајот на мај, Франција им обезбеди на граѓаните да го следат ширењето на вирусот преку апликација на мобилните телфони, а повеќе од два милиони луѓе ја инсталираа апликацијата.

Апликацијата овозможи 68 лица да откријат дека се позитивни на новиот коронавирус, а 14 лица добија известување дека биле во контакт со заразени лица.

Во многу земји во Европска Унија е воведена апликација за следење на вирусот, но апликациите на различни земји на ЕУ не се поврзани.  На пример, ако некој е на одмор во друга земја, не може со домашната апликација да следи дали е во контакт со заразено лице, надвор од својата земја. (МИА)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.