Французите најголеми фаворити за победа на ЕУРО

Непосредно пред почетокот на Европското фудбалско првенство, научниците и статистичарите од универзитетите во Дортмунд, Минхен, Инсбрук, Гент и Молде направија заедничко истражување и утврдиле дека Франција ќе биде најверојатниот европски првак со 14,8 отстотна можност.

Французите на оваа статистичка табела ги следат Англичаните со 13,5-процентна веријатноста за триумф на ЕУРО, па следат Шпанциет со 12,3 отсто, а четвртокот место го делат Германците и Португалците со по 10,1 отсто.

Статистичарите во своите истражување комбинирале повеќе различни модели. На пример, моќта на екипите се пресметувала врз основа на неголку фактори, како што е пазарната вредност на фудбалеите, бројот на играчите кои настапувале во Лигата на шампионите, бројот на настапите во лигата, како и економските и социјални чинители на поединец во земјата (населението, брито домашниот производ итн.)/

„Предвидувањата секогаш може да го промашат конечниот резултат, инаку фудбалските турнири би биле многу неинтересни. Се служевме со веројатности, а не со веродистојни податоци“, вели професорот Ахи Цајлајс од Универзитетот во Инсбрук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.