Франк-Валтер Штајнмаер е нов германски претседател

Штајнмаер

Со апсолутно мнизонство од 1260 членови на германското сојузно зобрание во кое членуваат пратениците од Бундестагот, претставници на покраините и други јавни личности номинирани од политичките партии, за наследник на досегашниот претседател Јоаким Гаук го избраа германскиот социјал – демократ, кој на должност како 12-ти шеф на германската држава стапува на 18 март.

Претходно, откако Гаук поради својата старост најави дека нема да се кандидира за втор мандат најголемите политички партии ЦДУ/ЦСУ и СПД се договорија Штајнмаер да биде иден претседател на државата, функција која што има претежно симболична улога во германскиот политички систем, во кој главна задача на шефот на државата е да обезбеди единство за главните политички и социјални теми.

Покрај од членовите на германската владина коалиција, Штајнмаер доби поддршка и од претставниците на партиите на „Зелените“ и „Слободните Демократи“ (ФДП).

Штајнмаер, кој е прв претседател на Германија од редовите на СПД од 1999 година, беше министер за надворешни работи на Германија од 2005 до 2009 година и од 2012 до минатиот месец.

Според анкетата на неделното издание на весникот „Билд“ 59 отсто од Германците очекуваат Штајнамер да биде добар, а 19 проценти веруваат дека тој лошо ќе ја врши неговата функција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.