Франција ги повлекува војниците од Косово

Франција реши да ги повлече последните војници од силите на НАТО во Косово, истакнувајќи ја потребата од војници во операциите во Мали и Централноафриканската република, пренесе „АФП“.

Франција ќе повлече околу 300 нејзини војници кои учествуваат во силите на КФОР, до јуни 2014 година во рамките на процесот на обновувањето на војниците во мисијата.

Од своја страна, генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изразил разбирање кон Франција и нејзиното учество во други операции во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.