Фридман: Иако словенските јазици имаат слична историја, сепак македонскиот јазик е единствен и уникатен

Во синоќешната дебатна емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше професорот Виктор Фридман од САД кој се осврна на македонскиот јазик и бариерите со кои се соочува во изминатиот период со Република Бугарија.

Според Фридман македонскиот јазик е уникатен и не може да биде ничија копија, иако Република Бугарија сака да го присвои, односно да го поистоветува со бугарскиот јазик. Тој посочи дека македонскиот јазик не постои од 1945 година и дека на територијата на Република Македонија отсекогаш се зборувало на чист македонски јазик, кој не наликувал на други јазици.

“Иако можеби звучат слично, македонскиот и бугарскиот јазик немаат ништо слично. Ниту фонетиката, ниту пак било што друго не укажува на нивна преклопеност. Македонскиот јазик е словенски јазик кој постои и се користи од времето на Св. Кирил и Методиј, а не како што некој сака да го нарече нова творевина. Тоа се дрски провокации на кои македонскиот народ не смее да потпадне”, вели Фридман.

Фридман додаде дека македонскиот јазик отсекогаш бил мета на одредени страни, исто како и името на државата, но дека македонскиот народ опстоил многу векови и никој не смее да дозволи тоа да се смени. Професорот исто така додаде дека светот треба да е благодарен за описменувањето и ширењето на образованието од страна на просветителите, а не да измислуваат работи кои не постојат, заврши Фридман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.