Фризерницата „В.Е.З. трејд“ била петта на ранг листата, но добила пари од Димова

Скопската фризерница „В.Е.З. трејд“ немала да го добие грантот од над 60.000 евра во акцијата „202“ доколку проектите биле финансирани според ранг-листата што ја направиле евалуаторите.

„А1он“ дојде до документот според кој четири организации имале повеќе бодови од фризерницата. Кога две апликации биле ставени на резервна листа, а една е одбиена за грант од евалуационата комисија, било прифатено да се финансира „В.Е.З. трејд“. Кај одбиената организација е констатирано дека има судир на интереси, а претседателката веќе има поднесено тужба до Управниот суд, но и жалба до Брисел.

Сличен конфликт на интереси има и кај сопственикот на „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, но сепак тој добил грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.