Фрлена бомба во дворот на еден учесниците во тепачката во „Трибека“

По масовната тепачка којашто се случи во саботата во скопскиот локал „Трибека“, денеска е фрлена бомба во дворот на еден од учесниците во настанот.

Од полицијата информираа дека во 11,16 часот во СВР Скопје Д.И.(22) од Скопје пријавил дека околу 10,50 часот во дворот од неговата куќа на подрачјето на Бутел едно лице фрлило експлозивна направа, која за среќа не експлодирала.

Основното јавно обвинителство Скопје во нделата донесе наредба за спроведување на истражна постапка против две лица од Скопје, на возраст од 19 и 28 години, поврзани со тепачката во „Трибека“, за кои постои основано сомнение дека  сториле кривичното дело – насилство.

Според Обвинителството, осомничените на 20 февруари 2021 година, околу 19:30 часот, во просториите на угостителскиот објект „Трибека„ во Скопје, заедно во група ги малтретирале, грубо навредиле и ја загрозиле сигурноста на две лица.

„Осомничените заедно со еден од оштетените влегле во објектот, седнале на маса и го повикале второто оштетено лице да им се придружи. Откако оштетениот им се придружил, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето. На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во објектот, но осомничените почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од зборувањето по телефон на една од гостите , започнал вербално да ја навредува, го одзел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект“, соопшти Обвинителството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.