11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Фрлена бомба во пекара во Нов Белград

Непознато лице синоќа околу 3 часот фрлило бомба во пекара во Нов Белград, јавуваат српските медиуми.

Во нападот нема повредени, а причинета е материјална штета поради експлозијата.

Дел од локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот бил снимен од камери поставени за видео надзор. Од снимките се гледало дека тој прво со камен ја скршил стаклената врата, а потоа внатре ја фрлил бомбата.

Инаку, оваа пекара била многу позната и посетувана во овој дел од градот, а постои повеќе од 20 години.