Фрлени молотови коктели врз казино во Скопје

На 26.03.2022 во 08:15 часот во СВР Скопје, вработена во казино на бул.„Борис Трајковски“ пријавила дека околу 08:05 часот кон казиното биле фрлени две шишиња со запалива течност.

При тоа била оштетена влезната врата и настанал пожар кој бил изгаснат од вработените.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.