Фрлени молотови коктели врз полициска станица во Атина

Група од околу десет лица, кусо по четири часот утрово фрлиле четири молотовои коктели врз полициска станица во Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации, молотовите коктели биле фрлени од мотори во движење.

Предизвикана е материјална штета врз три паркирани полициски возила, а полицијата трага по сторителите, јави дописничката на МИА од Атина.