Фројд на дело: Несвесното проговори од Димитров

Омаловажувањето и потценувачкиот однос кон сопствената македонска нација од страна на шефот на дипломатијата Никола Димитров, е работа којашто домашната јавност ја има одамна апсолвирано, но овојпат таквиот однос наиде и на жестоко вистинита опсервација од универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски.

„Се работи за нација со комплекс која мора да си бара назад 2.000 години корења. Александар Македонски ако го нема, ние не знаеме кои сме. Со тоа копањето назад што е комплекс на несигурност во себе и на инфериорност, дадовте аргументи на политичките сили во Грција кои не сакаат да има Договор. Изгубивме пријатели, од жртва, станавме луѓе кои се клоцаат“, кажа Димитров.

„Кој што говори, ако не за себе. Говорејќи за другите, секој (најчесто) говори за себе. Нешто слично му се случи и на просветлениот и неумерено-умерениот Никола Димитров, прогласувајќи ја македонската нација за искомплесирана нација, кој не знаела ни која е, ни што е.

Којзнае по кој пат, се потврди Фројдовата теза дека несвесното (кога-тогаш) несвесно ќе проговори. Несвесното несвесно проговорува преку несвесниот говор. На тој начин, секој секому станува отворена книга, само што говорникот тоа не го знае тоа, наивно верувајќи дека говорејќи за другите не говори и за себе. Што да се прави, кога (според Фројд) секој се портретира самиот себе?“, напиша професорот Цуцуловски на својот фејсбук профил.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа извинување од министерот.

„Постојано во минатото и денес да си негиран, омаловажувам и дискредитиран по секоја цена и од секој од секаде тогаш ваквиот начин на реагирање како и на граѓаните кои милион и двесте не излегоа на референдумот можете да го наречете како сакате, но почитуван министер бараме искрено ако може да се сочува нешто од тој наш комплекс кој за жал вас ве иритира и ве нервира. Верував дека кај власта ќе проработи националното чувство и патриотизмот и заедно како што впрочем и требаше да биде од самиот почеток да изнајдеме начин по достоинствен пат до нашата заедничка определба или цел, а тоа се евроатланските интеграции, но под еден услов да ја прецизираме и бетонираме нашата заедничка црвена линија која ќе значење да не мора да се збогуваме со нашиот Устав чие менување ќе донесе збогување со нашето уставно име“, реплицираше Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.

Оние, пак, кои од поодблиску го познаваат Никола Димитров сметаат дека неговата дволичност кулминирала со кокетирањето со СДСМ а потоа и со неговото именување за министер за надворешни работи е круната на неговата превртлива реторика која нема суштина. Секогаш е поданички иокооперативно настроен кон странците, и од нив очигледно ја црпи „компетентноста“ во дипломатијата, особено кога треба да се згазат националните интереси и гордост.

Познато е дека Димитров помладиот се надеваше дека може да стане министер за надворешни работи во поранешните влади на Никола Груевски кому му даде голема поддршка во судирот со Љубчо Георгиевски, користејќи ја заветрината на неговите родители кои беа на високи позиции во ВМРО-ДПМНЕ и во владата, а самиот Никола Димитров во 1999 година поднесе оставка како заменик министер за надворешни работи во времето на Георгиевски по неполна година.

Негов работодавач долги години е меѓународната заедница. Работеше во политички институт во Хаг, кој е финансиран од САД, Холандија и други. Оттаму, навјеројатно, своевремено како преговарач за името јавно застана на страната на тогшниот претседатњел Бранко Црвенковски и неговите позиции.