Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на партијата, дознава Телма од висок функционер на партијата. Таа е вториот кандидат, откако кандидатура поднесе и заменик министерот за финансии  Димитар Ковачевски.

Партијата на 12-ти декември ќе го избира новиот претседател, откако лидерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата по поразот на локалните избори.

Според статутот на СДСМ за претседател може да се кандидра секој член со најмалку пет години работа во партијата и со поминат најмалку еден мандат како член на Централниот одбор со право на глас.

Рокот за поднесување кандидатури истекува во петок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.