Фросина Ременски утре на распит за „Рекет“

Фросина Ременски за утре е повикана во обвинителството за организиран криминал, да даде исказ за нејзината улога во случајот Рекет. Ременски е првиот политичар и висок функционер на СДСМ која е повикана за исказ.

Ременски е почесна претседателка на „Меѓународниот сојуз“ на Боки 13. Таа неодамна е разрешена од партиската функција потпретседател на СДСМ.

Информацијата за Ременски доаѓа во ист ден кога поранешниот генерален секретар на СДСМ, а сега само пратеник од редовите на владејачката гарнитура, повикува Обвинителството да ги повика премиерот Зоран Заев, вицепремиерката Радмила Шекеринска , односно врвот на социјал- демократите на распит за случајот “Рекет”.

„Не смее да остави дамка врз процесот оставајќи разно-разни шпекулации да кружат во јавноста, независно дали се политичка реторика или чаршиски муабети. Пример, тоа може да го стори единствено ако го повика секој, кој има макар и една слика со било кој од обвинетите, да го провери контекстот и да ги расчисти дилемите во јавноста“, пишува Кирацовски во статусот.