Фросиноне спаси бод против Фиорентина

Во премиерниот натпревар од дванаесеттот коло на италијанското фудбалско првенство, Фросиноне и Фиорентина одиграа без победник 1:1 (0:0).

Гостите можат да жалат за загубените други два бода, бидејќи реализираа само една од своите многу шанси, од кои една стопроцентна непосредно пред да го примат израмнувачкиот погодок на домашните.

Фиорентина поведе на почетокот од второто полувреме, во 47 минута преку Бенасио, но на крајот од мечот беа казнети во 89 минута со прекрасниот погодок на Пинамонти со разорен удар од окоу 25 метри.

Седмата Фиорентина сега има 17 бодови, како и осмиот Торино со меч помалку, додека Фросиноне е 18-ти со седум бодови, еден повеќе од претпоследниот Емполи. На табелата води Јувентус со 31 бод, пред Интер и Наполи кои имаат по 25 бодови.

Во сабота играат Торино – Парма, СПАЛ – Кајлари и Џенова – Наполи, додека во недела покрај големото дерби меѓу Милан и Јувентус, ќе се одиграат и дуелите Аталанта – Интер, Рома – Сампдорија, Киево – Болоња, Емполи – Удинезе и Сасуоло – Лацио.