Фудбалери, тренери и судии уапсени во Белгија за местење натпревари

Новинари пред седиштето на ФК„Андерлехт“

Фудбалери, тренери, менаџери и судии се уапсени во Белгија поради сомнение дека местеле натпревари, пишуваат белгиски медиуми. Според медиумите, во врска со скандалот се вршат рации и претреси во Македонија, Србија, Црна Гора, Кипар, Франција и Луксембург.

Засега нема коментар од македонското МВР.

Како што пренсеуваат медиумите, меѓу уапсените се поранешниот хрватски фудбалер, а сега тренер на белгискиот фудбалски клуб „Бриж“, Иван Леко, поранешен директор на „Спортинг“ Шарлероа, а сега застапник на Про лигата Моги Бајат, поранешениот тренер на „Андерлехт“,  Херман Ван Холсбек и судиите Себастијан Делферие и Барт Верстентен.

Претресот е извршен на 44 локации во десетина клубови во првата лига, но и на објекти на лица поврзани со тимовите.

Обвинителството отворило досие за перење на пари, а истрага ќе биде насочена на агентите на играчите, Моги Бајат и Дејан Велјковиќ, како и на клубовите со кои тие биле во врска.

Истрагат била отворена кон крајот на 2017 година по извештајот на Едницата за спортски измами. Со истрагата се опфатени сомнителни финснсиски трансакции во прата белгиска лига, а постојат индиции дека имало местење на резултатите во сезоната 2017/2018 година.