Фудбалерите на Борусија Дортмунд им се враќаат на тренинзите

Фудбалерите на германскиот фудбалски великан Борусија Дортмунд, од понеделник 30-ти март им се враќаат на редовните тренинзи и покрај пандемијата на коронавирусот.

Клубот подготви програма со којашто на играчите ќе им овозможи тренинг во двојки, за да се спречи евентуалното ширење на заразата.

„Почнуваме во понеделник. На почетокот ќе тренираме по двајца“, вели во разговорот за порталот Sport1.de играчот за врска, Емре Чан.

Во Германија поради пандемијата на коронaвирусот суспендирани се сите натпреварувања до крајот на април, но се поставува прашањето дали првенствата воопшто ќе бидат продолжени.

Борусија Дортмунд во моментов е на второто место на табелата на Бундеслигата со четири бода помалку од водечкиот Бaерн Минхен.