Фудбалерите на Хамбургер нападнати со јајца, јаболки и камења

Фудбалерите на германскиот бундеслигаш Хамбургер го запишаа и шестиот пораз во низа откако на својот стадион загубија со убедливи 3:0 од новајлијата во елитното друштво, тимот на Херта од Берлин.
Дека ситуацијата е надвор од контола се виде после натпреварот кога најверните фанови на Хамбургер се обидоа физички да се пресметаат со најголемите ѕвезди во клубот, но и со актуелниот тренер, Берт Ван Марвик.

Целата ситуација ескалираше во истиот момент кога пред најверните фанови се појави и капитенот на Ххамбургер, холандскиот интернационалец, Рафаел Ван Дер Варт.

Освен со запалки и јајца, фудбалерите на Хамбургер беа нападнати и со јаболки, портокали и со по некој камен, а во одбрана на капитенот застана и неговиот татко.

„Не е во ред да бидат нападнати фудбалерите на Хамбургер. Ние сме професионалци, но се плашиме од сопствените фанови,“ изјави Ван Дер Варт.

Хамбургер моментално е претпоследен на табелата и голема е веројатноста дека за прв пат во клупската историја трофејниот клуб ќе мора да се збогува со елитното друштво.