Фудбалерите на „Малатија“ со подршка за Озил

Фудбалерите на турскиот прволигаш „Малатија“ одиграа пријателски натпревар против „Газишехир Газиантеп“ и го искористија натпреварот за да му дадат подршка на германскиот фудбалер Месут Озил.

Германецот со турско потекло пред Мундијалот во Русија на хуманитарен настан во Лондон се фотографираше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што предизвика негативни коментари во Германија.
По катастрофалниот настап на Германците во Русија се зголеми притисок од медиумите врз Озил, кој одлучи да се повлече од германската репрезентација.

Фудбалерот на „Арсенал“ ја обвини Германија за расизам и дискриминација.

Играчите на „Малатија“ на теренот излегоа со фотографија на Озил на дресовите со зборовите „Сите сме ТИ, кажи НЕ за расизмот“.