Фудбалерите на Мароко ќе ги донираат сите парични награди од СП

Фудбалерите на мароканската репрезентација одлучија да ги донираат сите пари заработени на Светското првенство во Катар во 2022 година за да им помогнат на сиромашните семејства во својата земја.

Мароканците се пласираа во полуфиналето на Мундијалот каде загубија од Франција (0:2). Во мечот за третото место загубија од Хрватска (1:2).

Според „АП“, мароканската репрезентација за својот настап заработила околу 25 милиони долари.

Мароко станаа првата африканска репрезентација во историјата на Светските првенства што стигнала до полуфиналето на турнирот.

Претходно најдобар резултат на екипите од овој континент беше четвртфиналето.