Фудбалерите на Јуве се вратија на врвот преку Интер

35

Фудбалерите на Јувентус се вратија на врвот од табелата во италијанското првенство откако во големото дерби на 26-то коло на својот празен стадион во Торино со 2:0 го совладаа Интер.

Јувентус до победата дојде со головите кои во вториот дел ги постигнаа Арон Ремзи во 55 и Пауло Дибала во 67 минута. При првиот погодок Велшанецот одлично се снајде во гужвата пред гостинскиот гол, а при вториот Аргентинцот одигра двојно проигрување со Ремзи, а потоа со одличен друблинг мина двајца противнички играчи и со прецизен удар од 15-ина метрки ја погоди мрежата зад немоќниот Хандановиќ.

Јувентус со овие три бода стаса на врвот од табелата со 63 бодови, еден повеќе од второпласираниот Лацио, додека Интер остана трет со 54 бодови и натпревар помалку.

Удинезе дома одигра без голови против Фирентина, која сега е 12-та на табелата со 30 бодови, два повеќе од 14-от Удинезе.

Успешни беа клубовите од Џенова кои остварија важни победи во борбата за опстанок.

Џенова на Горан Пандев го шокираше Милан на „Сан Сиро“, совладувајќи го со 2:0. Токму со голот на Пандев гостите поведоа во 7 минута, а во 41 минута водството го удвои Касате, за поразот на Милан да го ублажи Златан Ирбахимовиќ во 77 минта.

Џенова со овие три бода излезе од зоната на испаѓаање, сега е 17-та со 25 бодови, колку што има и 18-то Лече кое на местото кое игра доигрување за опстанок во Серија А. Милан остана седми со 36 бодови, три помалку од шестиот Наполи.

Сампдорија, пак, многу подраматично во Џенова дојде до победата од 2:1 над Верона. Гостите имено поведоа во 32 минута преки Закањи, а прво во 77 минута израмни Кваљарела а потоа во 86 минута од пенал направи целосен пресвертот.

Ова беше првиот пораз на Верона по точно три месеца, односно од 7-ми декември и 2:3 поразот од Аталанта. Самдпорија е 16-та со 26 бодови, додека Верона е осма со 35 бодови.

Во првиот дуел во неделата СПАЛ како гостин ја победи Парма со 1:0, со голот на Петања во 71 минута од пенал. Мечот започна со задоцнување поголемо од еден час, бидејќи италијанскиот министер за спорт Виченцо Спадафора се обиде во последен момент да го одложи нејзиното одигрување. Играчите и судиите вече беа на теренот во времето кога мечот требаше да започне во 12,30 часот, кога итно беа повикани назад во соблекувалните. По дополнителните преговори, сепак, беше решено дуелот да започне во 13,45 часто.

СПАЛ со трите бодови го напушти последното место на табелата, и е 19-ти со 18 бодови, два повеќе од последната Бреша. Парма е деветта со 35 бодови.

Во понеделник Сасуоло ќе ја пречека Бреше, исто така, пред празни трибини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.