Фудбалерот Александар Пандовски и неговиот татко се борат за живот

Возилото во кое биле Пандовски и неговиот татко е целосно уништено

Синоќа на излезот од Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, кога возило марка “Голф” удри во столб од бензинската пумпа “Макпетрол”.

Во возилото се наоѓале фудбалерот на Еуромилк и поранешен младински репрезентативец на Македонија, Александар Пандовски и неговиот татко.

Според неофицијални информации, до несреќата дошло откако возилото со 130 километри на час влетало во столб од бензинската пумпа “Макпетрол”, при што возилото целосно било демолирано. Веднаш по ударот настанал и пожар, поради што своја интервенција имале и противпожарните екипи.

Првичните информации говорат дека Пандовски и неговиот родител се наоѓале во тешка состојба и веднаш биле пренесени во клиниката во Скопје, каде борбата за живот продолжува.

Александар Пандовски е поранешен фудбалер на Вардар, кој настапуваше и за екипата на Работнички. Негов последен ангажман е во составот на Евромилк, каде важи за еден од најдобрите фудбалери на оваа екипа.