Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва против Лихтенштајн

Вечерва од 20:45 часот македонската фудбалска репрезентација ќе има можност да ја оствари првата победа во квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022 година во Катар.

Противник на Македонија е Лихтенштајн, селекција која е апсолутен аутсајдер во групата, и не би требало да имаме никакви проблеми во обидот нашата селекција да дојде до трите бода на овој мел во Скопје.

„Апсолутно сме фаворити, но тоа треба да го потврдиме на терен. Многу пати сме биле во ситуацијата на фаворити и сме ги решавале ваквите ситуации. Сакам утре да поведеме од првата шанса“, рече селекторот Игор Ангеловски на вчерашната прес-конференција.

Дарко Велковски не е во комбинација за настап против Лихтенштајн, но може да биде во комбинација за дуелот против Германија, потврди селекторот Игор Ангеловски.

Што се однесува до останатите во нашиот состав, Аријан Адеми со сигурност ќе биде дел од тимот, но дали ќе настапи, ќе зависи од развојот на настаните на средбата во Скопје.

Во првиот натпревар од групата да подсетиме  Македонија беше поразена од Романија во Букурешт со 3:2.

После Лихтенштајн, македонскиот национален тим оди на мегдан со фаворитот во групата, селекцијата на Германија.