Фудбалската репрезентација од четвртиот „шешир“ ја чека жрепката за ЕУРО2024

Македонската фудбалска репрезентација е сместена во четвртиот „шешир“ за жрепката за квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, која е закажана за 9 октомври во Франкфурт.

Вкупно 53 европски репрезентации ќе бидат подеделени во десет групи, седум со по пет, а три групи со по шест репрезентации.

Квалификациите ќе стартуваат во март идната година и место на завршниот турнир во Германија ќе обезбедат победниците и второпласираните репрезентации во десетте квалификациски групи.

Преостанатите три места за ЕУРО 2024 ќе бидат пополнети преку плејоф.

Шешир 1

Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска

Шешир 2

Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска

Шешир 3

Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Ирска, Албанија, Црна Гора, Романија, Шведска, Ерменија

Шешир 4

Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови, Македонија

Шешир 5

Словачка, Северна Ирска, Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија, Малта

Шешир 6

Андора, Сан Марино, Лихтенштајн.