Фудбалската селекција на Македонија до 16 години со пресврти до победа над БиХ

Фудбалската селекција на Македонија до 16 години оствари победа над Босна и Херцеговина од 2:1.

Избраниците на Тони Јакимовски имаа негатива по првото полувреме, бидејќи Босанците поведоа со 0:1.

Сепак, со добра игра во продолжението Македонија стигна до израмнување со голот на Назифи, а во самиот финиш преку Јовановски направи пресврт за победа на овој меч.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.