Фудбалската селекција на Македонија го задржа 68-то место на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68. место на декемвриската ФИФА ранг-листата објавена денеска. Ова е ист пласман за „црвено-жолтите“ како и во ноемвриското рангирање.

Следниот противник на македонските фудбалери во полуфиналето од плејофот од Лигата на нации, репрезентацијата на Косово исто како и во ноември се најде на 115. место.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил.

Во Топ 10 се уште репрезентациите на Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.