Фудбалската селекција остана на 64-то место на ранкингот на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација остана на 64-то место на најновата ранг-листа на ФИФА, која не донесе поголеми промени, бидејќи меѓународните репрезентативни натпревари не беа во календарот во јуни.

Следниот противник на „црвено–жолтите“, Бугарија, е рангирана на 74-то место, додека од преостанатите две репрезентации во групата во рамки на Лигата на нации, Грузија е на 82-то место, додека Гибралтар е рангиран на 200-то место.

Најдобро рангирана репрезентација во светски рамки останува Бразил, пред Белгија и Аргентина.

Најновата ранг-листа на ФИФА не донесе измени во Топ 10 и од четвртото до десеттото место остануваат Франција, Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.