Фудбалската селекција на Македонија ремизираше и со Азербејџан

Македонската фудбалска репрезентација во вторникот во турска Анталија одигра 1:1 со селекцијата на еден од противниците во европската Лига на нациите која ќе започне есенва, откако пред два дена ремизираше и со Финска без голови.

Македонските фудбалери ја продолжуваат серијата без порази речиси десет месеци. Иако Македонија беше фаворит против Азербејџан, кој против нашата селекција нема забележано победеа, и денешниот противник имаше свои шанси за триумф.

Азербејџан поведе веќе во 5 минута, кога Алмеида го реализираше ударот од белата точка по прекршокот што го скриви Стефан Ристовски. Македонија, пак, изедначи во 23 минута, и тоа по прегледување на ВАР технологијата. Беше фаулиран за најстрога казна капитенот Горан Пандев, судијата во прв момент не го санкционираше прекршокот, но по прегледувањето на видео снимката ја коригираше својата одлука. Пеналот во израмнување го претвори Александар Трајковски.

Во продолжението од натпреварот Македонија ја имаше иницијативата, но не успеа да ја постигна посакуваната победа. Така од мини-турнејата нашата селекција се враќа со две нерешени средби.