16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Фудбалски судија извади пиштол на терен

На фудбалските терени се случуваат необични, па и бизарни ситуации. Сепак, она што се случи во Хондурас спаѓа во категоријата настани кои се случуваат баш ретко, речиси никогаш.

За малиот град Копан сега знае целиот свет. Причината не е фудбалскиот натпревар од аматерската лига, туку случувањата по него.

Навивачите биле бесни поради одлуката на судијата, а дури и некои играчи имале што да му кажат. Ситуацијата можела да ескалира, но тогаш судијата извлекол тајно оружје.

Со пиштол во рака судијата почнал мирно да шета по теренот, стискајќи го во десната рака силно пиштолот.