Фудбалскиот судија кој денеска ќе му суди на Меси бил апсен со старлетата Тијана Ајфон

Светското првенство во Катар денеска започнува и за Аргентина, еден од најголемите фаворити за пласман во финалето на натпреварувањето.

Последното Светско првенство на Лионел Меси може да му ја донесе титулата што ја чекаше уште од првото учество во 2006 година. Денешниот натпревар помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија (11 часот) ќе биде интересен и од друга причина.

Имено, за главен арбитар на овој натпревар е назначен словенечкиот судија Славко Винчиќ (42), кој во јавноста е познат и по тоа што на крајот на мај 2020 година беше уапсен заедно со српската старлета Тијана Ајфон во околината на Бјелина.

Наводно, Винчиќ бил еден од гостите на приватна забава организирана во околината на Бјелина, на која биле поканети старлети од Србија. Тие требаше да ја поминат Дрина со брод, а потоа да бидат ѕвезди на вечерта во друштво на 40 деловни луѓе кои се собраа таму. Во голема полициска акција беа уапсени дури 36 лица, од кои некои веднаш беа ослободени – што беше случај и со Винчиќ, кој од негова гледна точка ја објасни приказната за медиумите во Словенија.

-По состанокот со деловните партнери бевме поканети на ранч да славиме, а ние ја прифативме поканата. Имаше четириесетина луѓе, од кои речиси ниту еден не знаев. По упадот на полицијата бевме однесени на информативен разговор каде им објаснив дека воопшто не ги познавам овие луѓе, а потоа ме ослободија за да се вратам дома во Словенија, изјави Винчиќ тогаш.

Очигледно оваа случка, во која Винчиќ случајно се најде на средина, никако не влијаеше на неговата кариера. Во текот на претходните две години, судијата добиваше се повеќе почит од УЕФА и ФИФА, па меѓу другото судеше и натпревари во полуфиналето на Лига Европа, односно четврт-финалето на Европското првенство и на крајот Финалето на Лига Европа меѓу Ајнтрахт и Ренџерс.