Фудбалските прволигаши го играат 16.коло

коло

Лидерот на табелата Вардар е домаќин на Ренова, додека во Кратово играат Силекс и Пелистер (во средата во Битола играа дуел од Купот).

На стадионот Чаир, Шкупи ја пречекува Брегалница, а Победа е домаќин на Македонија ЃП.

Почетокот на сите натпревари е во 13 часот.

Табела: Вардар 34 бодови, Шкендија 30, Пелистер 28, Работнички 23, Ренова 20, Силекс 19, Шкупи 15, Победа 14, Македонија ЃП 10, Брегалница 8.