Фуџифилм разви лек за ебола

Фуџифилм Холдингс корпорацијата изјави дека очекува нивниот лек Авиган да биде прифатен од страна на меѓународните власти за лекување ебола до крајот на годината.

Фуџифилм се пренасочи кон фармацијата по серијата спојувања и превземања, откако бизнисот со фотографијата почна да бележи падови. Во 2008 компанијата ја откупи корпорацијата Тојама Кемикал, чиј лек Авиган е подготвен за глобалната борба против Ебола.

Авиган е одобрен во Јапонија годинава како лек за новите форми на грип, а досега се користел во Франција, Германија, Шпанија и Норвешка за лекување на пациентите заболени од Ебола. Фуџифилм информира дека досега имаат резерви од овој лек за лекување на 20 000 пациенти, а дека имаат доволно состојки за да подготват таблети за лекување на 300 000 луѓе.

– Досега, четири лица кои биле заболени од ебола се излекувани со овој лек, изјави извршниот директор на Фуџифилм Шигетака Комори.

Такатоши Ишикава, кој е на чело на фармацевсткиот оддел на компанијата информирал дека Франција и Гвинеја планираат да спроведат клиничко тестирање на таблетите Авиган од 200 mg во Гвинеја. Доколку се покаже како ефикасен, лекот најверојатно ќе биде одобрен за лекување ебола до крајот на годинава.