Фуeнлабрада без можност да се бори за пласман во Примера

Фудбалерите на шпанскиот второлигаш Фуенлабрада останаа без можноста да се изборат за пласман во елитниот ранг на натпреварувањето, откако водството на Ла Лига го откажа мечот од последното коло во кој екипата требаше да му гостува на Депортиво Ла Коруња, а ѝ беше потребен само бод за пласман во доигрувањето за место во Примера.

Натпреварот требаше да биде одигран на 20-ти јули, но е одложен поради 12 нови позитивни тестови на коронавирусот кај играчите на Фуенлабрада, со што екипата има вкупно 28 заразени.

За Депортиво откажувањето на дуелот не значи ништо, бидејќи ниту победа не може да го спаси од испаѓање во Третата лига, но Фиунлабрада можеше да се избори за можностa да се пласира во највисокиот ранг на шпанскиот фудба.

Објаснувајќи ја одлуката со недостиг од термини за одигрување на овој меч, Ла Лига го откажа сосема, а во доигрувањето би можело да се пласира Елче, кој со победа во последното коло ќе ја прескокне на табелата Фуенлабрада со бод повеќе, но и со меч повеќе.

Во Фуенлабрада ја прифатија одлуката на водството на лигата, но во соопштението истакнуваат дека клубот нема вина за тоа што ја предизвика ваквата разрешница. Истовремено укажуваат дека ги почитувале сите препораки на лигата, но тоа не ја спрeчило актуелната состојба, и да ја крунисаат сезоната во која ги надминале и своите очекувања.

Ла Лига се заблагодари на потегот на Фуенлабрада со откажувањето од можното учество во плеј-офот, со што му овозможува на Елче да се бори за пласман во елитата.

Од второлигашкото друштво автоматски пласман во Примера обезбедија првакот Хуеска и вотропласираниот Кадиз, а во доигрувањето за третото место ќе се борат Реал Сарагоса, Алмерија, Жирона и Елче.

Полуфиналните мечеви се закажани за 30-ти јули и 2-ри август, додека финалниот двомеч е на 5-ти и 8-ми август.