Фукунага ќе го режира новиот филм за Џејмс Бонд

Американскиот 41-годишен режисер Кери Џоџи Фукунага ќе го режира најновиот филм од франшизата за тајниот британски агент Џејмс Бонд, објави во четвтокот британскиот јавен сервис BBC.

Фукунага ќе го замени британскиот режисер Дени Бојл кој кон крајот на август се откажа од режијата на новиот филм за Агентот 007 поради „креативни разлики“.

Продуцентите Мајкл Вилсон и Барбата Броколија пофалијата „сестраноста и иновативноста“ на Фукунага.

Тој неодмана ја режираше црната комедија „Манијак“ на Netflix во којашто играат Ема Стоун и Џона Хил. Работеше, исто така, и на првата сезона од драмската серија „Вистински детектив“ на HBO, којашто му ја донесе престижната телевизиска награда Еми во 2014 година. Следната 2015 година ги собра ловориките од филмските критичари за воената драма „Beasts of No Nation“ во која глуми идрис Елба,

Снимањето на дваесет и петтиот филм од франшизата Џејмс Бонд започнува следната година, а премиерата с еочекува во 2020 година.

Станува за една од највредните франшизи во филмската индустрија. Последниот од серијат се појави под насловот „Spectre“ од 2015 година и го режираше Сем Мендес, заработи 880 милиони долари од прикажувањата во кино салите. Мендес го режираше и „Skyfall“ од 2012 година кој заработи повеќе од милијарда долари.

Епизодата „007:Spectrе“ требаше да ги заокружи темелите на трилогијата поставени со „007: Координати Скајфол“, како што тогаш беше најавено доколку постигне комерцијален успех, трилогијата ќе биде продолжена.