Фулам го доби Челзи, Феликс исклучен во дебито

Фулам на домашен терен го совлада лондонскиот градски ривал Челзи со 2:1 во последниот меч од 17-то коло на англиското фудбалско првенство, а Португалецот Жоао Фелиск дебитираше во тимот на „Сините“ но заработи директно исклучување.

Славниот Челзи во последниот период е во голема резултатска и играчка криза, а ова им беше седмиот пораз во последните десет натпревари во сите натпреварувања.

Жоао Феликс стана првиот играч во историјата на Челзи кој мораше предвреме да го напушти теренот на своето деби, бидејќи во 58 минута грубо стартуваше врз Кени Тете и заработи директен црвен картон. Дваесет итригодишниот Португалец во 2019 година од португалска Бенфика премина во шпански Атлетико Мадрид за 127 милиони евра, а англиски Челзи за позајмицата до крајот на оваа сезона плати 11 милиони евра.

За Фулам стрелец беше токму поранешниот играч на Челзи, Бразилецот Вилиан во 25 минута, израмни Сенегалецот Калиду Кулибали во 47 минута, а победата на домашните ја донесе уште еден Бразилец, Карлос Винисиус во 73 минута.

На табелата Фулам напредуваше до шестото место со 31 бод, а Челзи е десетти со 25 бодови.