Фулам го сопна Ливерпул, два гола на Митровиќ (ВИДЕО)

Одлични 2:2 на премиерата на Ливерпул во новата сезона во Премиерлигата на гостувањето кај Фулам. Лондончани можат да жалат за трите бода, затоа што два пати водеа, но Ливерпул успеа два пати да се врати.

Херој на Фулам беше Александар Митровиќ кој постигна два гола. Првиот во 33. минута кога успеа со глава да го совлада Алисон. Дарвин Нуњез израмни во 63. минута од средбата.

Кога се чинеше дека Ливерпул ќе тргне по победата, пенал кој го направи Вирџил Ван Дајк над Митровиќ, што во гол го претвори Србинот во 72. минута.

Сепак, Мохамед Салах во 81. минута успеа да израмни и да му донесе бод на својот тим.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.