Фулам го враќа Вилијан на Островот

Лондонски Фулам прави обид да го ангажира поранешниот играч на Челси и на Арсенал, Вилијан. 33-годишниот Бразилец моментно игра во својата татковина, во тимот на Коринтијанс. Тој имаше повреди и има само еден постигнат гол на 44 натпревари.

Сепак, интерес за него има од англиските клубови затоа што остави одличен впечаток на Островот. Меѓу кандидатите за неговиот потпис е нововлезениот Фулам. Неговиот договор со Коринтијанс има ослободувачка клаузула во случај на понуда од Европа.

Вилијан живеел во Лондон девет години и би сакал да се врати во Англија.