Фулам од дното го изненади Лестер, Вест Хем на петото место

Во дуелот од десеттото коло на англиската фудбалска лига, Фулам со 2:1 на гости го совлада фаворизираниот Лестер Сити со што се помрдна од самото дно на Премиер лигата, а во последниот меч од колот Вест Хем Јунајтед оствари домашна победа над Астон Вила со што скокна на петтото место на табелата.

Лестер Сити со победа, којашто ја очекуваа сите, можеше барем бодовно да се израмни со водечките Тотенхем и Ливерпул, кои имаат 21 бод, па остана четвртопласиран со 18 бодови.

На стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер, гостите од Лондон поведоа со погодоците на Адемола Лукман во 30 и Иван Кавалеиро од пенал во 43 минута, а домашните успеаја да постигна погодок дури во 86 минута а стрелец беше Харви Барнс.

За Фулам ова беше втората победа од почетокот на првенството и сеега со седум бодови скокна од последното 20-то на 17-то место, одноно првото место над зоната на испаѓање од лигата.

Вест Хем славеше и во вториот натпревар на домашен терен по ред, во прв ред благодарејќи на фактот што Астон Вила не реализираше пенал. Против Фулам минатото коло удар од белата точка не реализираше Адоемла Лукман, а вечерва Оли Воткинс, а на истиот играч ВАР-от му поништи погодок во судиското продолжение.
Всет Хем поведе уште во втората минута со голотна Анџело Огбона, но Астон Вила израмни во 25 минута преку Џек Грилиш. На самиот почетокот од второто полувреме, во 46 минута Вест Хем повторно дојде во водство а стрелец беше Џерод Боувен и овој резултат остана непроменет до крајот, покрај двете споменати ситуации.

Со третата последователна победа Вест Хем се ислаки на петтото место на табелата со 17 бодови, додека Астон Вила е 10-та со 15 бодови.