Фулам по една сезона се врати во Премиер лигата

147

Фудбалерите на Фулам се вратија по само една сезона во англиската Премиер лига, совладувајќи го во клучниот меч од плеј-офот во вторникот вечерта на лондонски „Вембли“ Бренфорд по продолженијата со 2:1.

Двата погодока за лондонскиот клуб ги постикна херојот на мечот Џо Брајан, во 105 и 118 минута. На истекот од првото продолжение Брајан од слободен удар од повеќе од 40 метри го изнанади гостинскиот голман Раја, кој очекуваше центарушут, а не директен удар кон голот. Во 118 ,минута прецизната акција на Фулам и додавањето на Митровиќ го круниса Брајан префрлувајќи го голманот, а Брентфорад намали во 124 минута преки Делсграарсд.

Овој натпревар му донесе на Фулам голем финансиски приход од дури 150 милиони евра.

Брнтфорд испадна најголем губитник, бидејќи во последното коло од регуларниот дел му беше потребна победа за историски директен пласман во Премиер лигата. Меѓутоа, дома беше поразен од Барнсли.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.