Фулам против Брентфорд за пласман во Премиер лигата

Во финалето од разигрувањето во првата англиска фудбалска лига ќе играат Брентфорд и Фулам, откако Брентфорд упте во средата во полуфиналето го елиминираше Свонси Сити со вкупи 3:2, а во четврткот и Фулам со вкупни 3:2 го надиграа вториот велшки клуб Кардиф Сити.

Во реванш натпреварот на теренот на Фулам „Кревен Котиџ“, Кардиф Сити победи со 2:1, но тоа не му беше доволно да го надополни поразот од 0:2 од првиот дуел во вторникот.

Кардиф поведе во 8 минута со голот на Нелсон кој најдобро се снајде во петероцот на домашните по изведениот корнер, но само една минута подоцна Кебано израмни по одличното проигрување на Рејд. На почетокот од второто полувреме, во 47 минута по прекин повторно пред противничкиот гол најснаодлив беше Томлин.

Иако до крајот на дуелот двата тима имаа неколку убави шанси, резултатот не се менуваше. Така Фулам во вторник на „Вембил“ ќе има шанса за враќање во елитата од која испадна во мај минатата година.