Функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче

10044

Директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Сашо Тасевски, издал наредба до цела униформирана полиција за приведување во полициска станица на сите граѓани кои ќе го прекршат полицискиот час, дознава НетПрес.

Во наредбата, до која НетПрес успеа до дојде од сопствени извори, се гледа јасно дека не е е предвидено полицајците да предупредат или опоменат лице кои излегло надвор од својот дом за време на полицискиот час, туку се наредува такво лице веднаш да биде приведено во полициска станица.

Дека полицајците кои го приведоа момчето во Скопје кое го шеташе своето милениче постапиле согласно наредбата на својот претпоставен, односно директорот на Бирото за јавна безбедност, јасно се гледа во точките 5 и 7.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, вчера најави истрага за овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.